Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Velo-City2009Од 12 до 15 мај 2009, конференцијата  Velo-city (велосипед-град) 2009 ќе се одржи во Брисел. Velo-city е најголемата конференција посветена на велосипедизмот во светот. Во поглед на европските амбиции за земен урбан транспорт и во поглед на важната улога и потенцијалот на велосипедот во урбаната мобилност, темата на Velo-city 2009 ќе биде „обновување на градови“ (“RE-CYCLING CITIES”).


Velo-city 2009 во Брисел сака да се врати на корените на Velo-city конференциите. А тоа е фокусирање на улогата и потенцијалот на возење велосипед во урбана средина. Градовите се срцето на Европскиот живот и моторот на Европската економија. Преку 60% од европските граѓани живеат во урбани средини и 85% од бруто домашниот производ на ЕУ се создава во урбаните средини. Сепак градовите ширум Европа се соочуваат со мноштво на сериозни предизвици како што се сообраќајната гужва, емисијата на стакленичките гасови, загадувањето на воздухот, бучавата, здравствени проблеми, безбедносни ризици и безбедносни закани.

 

Бидејќи урбаните предели се животна средина за мнозинството од населението, многу е важно да квалитетот на животот во овие средини биде што е можно по добар. Имајќи одржлива урбана мобилност е едно од главните елементи во создавањето на тој квалитет на живот. Во тој поглед, јасно е дека велосипедизмот има значајна улога во интегрираниот урбан транспортен систем. Поради овој значаен предизвик, конференцијата Velo-city 2009 има тема “обновување на градови”.

Како дел од Velo-city конференцијата, ќе постои тематска изложба која ќе биде отворена за сите и ќе цели да даде различна и позитивна порака во врска со употребата, користењето и предностите на велосипедите.

Изложбата на Velo-city цели кон мошне разноврсна цена група (менаџери на компании, кадрови одделенија, учесници на велосипедската недела на Velo-city, училишта, здруженија, итн.), и ќе има околу 80 штандови.

Повеќе на www.velo-city2009.com