Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Velo EUROPE 2009Групата од смели велосипедисти: Александар Ристовски, Панче Зафиров и Иван Ристов неуморно се подготвуват за потфатот кој треба да започне на 1 август 2009 година. При тоа се планира да се помине низ 17 Европски земји и тоа: Македонија, Австрија, Албанија, Андора, Белгија, Босна и Херцеговина, Ватикан, Германија, Италија, Монако, Словенија, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, и Шпанија.

 

Velo EUROPE 2009 press

 

 Планот е за 35 дена да се извозат со велосипед вкупно 6325km од Скопје, преку Италија и Франција да се стигне до Шпанија. Потоа да се однесе порака во Брисел дека „Македонија е спремна да биде дел од големото Европско семејство!“, а од таму да се вратат назад во Скопје.

Velo EUROPE 2009

 

Velo EUROPE 2009 press

Тројцата млади велосипедисти се надеваат дека преку овој нивни потфат ќе успеат:

  • Да ги инспирираат младите да почнат да возат велосипед или дека ќе ги насочат кон некој друг спорт, истовремено оттргнувајќи се од модерните пороци.
  • Да дадат мотив за користење на велосипедот како алтернативно превозно средство во градскиот сообраќај - здрава и чиста животна околина.
  • Да ја остварат желбата на секој студент - Визна либерализација.

На одржаната прес конференција се обрати и Г. Тане Димовски, портпарол на Агенција за млади и спорт на Република Македонија, со што ја истакна поддршката која АМС им ја дава на малдите велосипедисти, но и потребата од дополнителна поддршка во однос на финансирањето на нивниот потфат.

Velo EUROPE 2009 press

Настанот ќе биде пренесуван преку GPS и мобилен телефон во текот на целото патување. Со тоа младата популација ќе може активно да го следи напредокот на велосипедистите. Секое лице кое има комјутер и интернeт ќе може да: види каде се движиме, со тековен прогрес од етапата; излиста етапи што сме ги изминале; и внесе свој коментар.
Преност е под покровителство на SPORTY PAL, спортска интернет заедница зад која стои APPLIFY, софтверска компанија од Македонија. Г. Глигор Дачевски, претставник од APPLIFY истакна дека дури и сега велосипедистите може да се следат во нивните секојдневни тренинзи.

Тројцата млади велосипедисти се добро познати на посетителите на to4ak од бројните велосипедски патешествија кои тие досега ги превземале.