Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

 

Tрка за ранг листа во Планински Велосипедизам

Во Организација на ВСД Енерџи од Скопје на 18.10.2009 ќе се одржи завршната трка во Планински велосипедизам на патеката Гази Баба. Сo оглед дека се работи за трка која ќе го одбележи завршетоткот на оваа сезона планирано е настанот да продолжи со забава во попладневните часови.

 

Tрка за ранг листа во Планински Велосипедизам

Пропозиции

Организатор: Велосипедско Спортско Друштво "Енерџи" – Скопје

Место: Рекреативен центар Гази Баба, трим патека, над стадионот на Металург. Општина Гази Баба.

Старт: Недела 18.10.2009. Стартот ќе биде во 12 часот од централната пикник ширина на Гази Баба. Во зависност од категориите, помеѓу секоја категорија стартот ќе биде на 1мин растојание.

Категгории: Сениори, Јуниори, Кадети, У23, МАСТЕРС, ХОБИ

Патека: Должина на кругот 4,5км
- Елите У23 8 круга
- Јуниори 5 круга
- Мастерс 5 круга
- Хоби 4 круга

Пријавување: од 10- 11:30ч. На самата стартно целна рамнина. Или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , тел. 023231772.
Право на учество за ранг листата имаат сите лиценцирани натпреварувачи, како и нелиценцирани рекреативци во Хоби категоријата.

Напомена: Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност и мора да има заштитна кацига.

Трката се вози по правилата на УЦИ.

Награди: Организаторот обезбедува медали за првопласираните.

Организаторот го задржува правото за измена на стартот и бројот на кругови.