Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Заобиколи го езерото, почитувај го езерото - Охрид 2013

Во петок, 21 јуни, ќе се одржи традиционалната велосипедска тура околу Охридското езеро – Заобиколи го езерото, почитувај го езерото.

 

 

Настанот ќе започне од 10 часот и тоа на плоштадот Св Климент Охридски, кај пристаништето во центарот на Охрид. Учесниците ќе може да се регистрираат од 10 часот до 10 часот и 45 минути, додека турата ќе започне во 11 часот. Котизација за учество на турата е 150 денари.

Оваа година настанот се организира во соработка со Црвен Крст – Охрид и настанот е со хуманитарен карактер. Оттаму, средствата кои се плаќаат како котизација ќе одат во хуманитарни цели, односно за ранливите категории на граѓани од Општините Охрид и Дебарца

Турата е предвидено да се вози од Охрид кон Струга, преку граничниот премин Ќафа Сан, до Поградец, па преку граничниот премин Св Наум назад до Охрид.

Петок е неработен ден, па се очекува да има голема посетеност. Особено што посетителите од други градови ќе може да си направат викенд одмор во Охрид и да се освежат од жештините што самошто почнаа.

Секој учесник треба да пристигне на стартот со својот велосипед.

Турата се организира во рамките на прославата на денот на Охридското езеро, која оваа година се случува во Охрид. Минатата година главниот настан беше во Струга, додека следната година ќе биде во Поградец. Ова е 13 година по ред како се прославува денот на Охридското езеро.

Денот воедно е годишнина на постоењето на велосипедскиот клуб Еко Дром, кој е и организатор. За што ќе биде подготвено и мало изненадување за 4 години постоење.

 

Tour the Lake, Respect the Lake - Ohrid 2013